ВИДЕО: Мијалков во автомoбил со затемнети стакла однесен на Водно во домашен притвор

Во полициски автомобил со затемнети стакла, Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење на организиран криминал. Автомобилит беше во придружба на две полициски и едно цивилно возило. Медиумите не успеаја да го видат, поради темните стакла. Тој е изнесен од зградата веднаш по заминувањето на обвинителката Вилма Русковска. Мијалков ќе биде спроведен во неговиот дом на Водно.

Адвокатот Петар Василев, застапник на Мијалков, ги одмина новинарските екипи. Тој не одговори на ниту едно од прашањата.

И Вилма Русковска кажа дека не се сретнала со Мијалков, иако тој три часа седеше во истата зграда со неа. Таа посочи дека оправдувањето на Мијалков ѝ било пренесено од неговиот адвокат.

Back to top button
Close