(ВИДЕО) „Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Луѓе без имиња, организатор без име, иднина без лице“, вели Дојчиновски

На денешната прес-конференција, Кристијан Дојчиновски од СДММ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски стои зад, како што велат, создавање на нов политички проект со цел разбивање на опозициските гласови.

Дојчиновски посочи дека најавениот настан посветен на политичкиот плурализам и состојбата на опозициското делување се организира без јасно наведени организатори и учесници.

„Ова не е отворена дебата за иднината на Македонија. Ова е класичен начин на кој Христијан Мицкоски создава свои сателити, ЗНАМ 2.0“, изјави Дојчиновски.

Тој оцени дека станува збор за обид за создавање нови политички субјекти по модел кој, според него, има за цел да ги подели опозициските гласови и да ги збуни граѓаните.

Дојчиновски упати критики и за одржувањето на настанот според правилото „Chatham House Rule“, оценувајќи дека тоа не обезбедува доволна транспарентност.

Од СДММ порачаа дека, според нив, единствената вистинска опозициска алтернатива ќе биде обединета околу Фронтот за вистина и правда, додавајќи дека остануваат отворени за сите кои се залагаат за демократско и европски ориентирано општество.

 

 

Back to top button
Close