(ВИДЕО) Мицкоски прво тврдеше дека има, па се согласи дека нема фуснота за македонскиот јазик во Договорот од Преспа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „360 Степени“ одговараше за македонскиот јазик и како тој е регулиран во Договорот од Преспа, тврдејќи дека и претходно бил признаен во официјалната употреба на ЕУ, а како примери спомена факултети во земји членки на унијата.

„Сега знаете што е различно од тогаш? Различна е фуснотата“.

„Нема фуснота и немојте сега да ги буните… нема фуснота… каде е фуснотата“.

„Е сега…“

„Не, ајде објаснете за фуснотата, немојте да ги манипулирате граѓаните“

„Па, во Договорот со Преспа имаме фуснота којашто детерминира доле и појаснува дека е во…“

„Каде е таа фуснота, покажете ми ја фуснотата“.

„Сега не го носам Преспанскиот договор со мене“

„Ама нема фуснота, немојте така, не ги манипулирајте граѓаните, ве молам господине Мицкоски. Значи, апсолутно, да има фуснота јас ќе го кажам тоа, немојте сега“.

„Добро, еве, нека биде така, па нека оценат граѓаните кој ги манипулира“, рече Мицкоски.

Целосниот текст на Договорот од Преспа можете да го прочитате на сајтот на Владата на следниот линк.

„Официјалниот јазик на Втората страна ќе биде „македонски јазик“,како што е признаено на Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 г. и како што е опишано во член 7, став (3) и став (4) од оваа спогодба“, пишува во Договорот од Преспа.

Back to top button
Close