(ВИДЕО) Мицкоски во ClickPlus: Вознемиреност до гадење ми предизвика вчерашното интервју на Заев

Интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС, предизвикало вознемиреност до гадење кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ова претседателот на опозицијата Мицкоски го кажа на гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21.

На прашање што предизвика кај него интервјуто на Заев, Мицкоски одговори:

„Интервјуто предизвика чувство на вознемиреност до гадење, особено кога чув дека од Струмица до Петрич говореле со дијалект на бугарскиот јазик. Македонците во Струмица зборуваат на македонски јазик. И тоа е една глупост. Јас не знам дали тоа го прави од незнаење, дали од немоќ, дали да остави поциркузантски вчечаток, па да си поигруваат со него“, рече Мицкоски и продолжи:

„Исто така не можам да се сложам дека имаме заедничка историја со Бугарија, се додека не подрезбарат дека тоа се два различни народи. Таа различна историја не може да биде знак на равенство. Понатаму за Гоце Делчев. Тоа е чудно. Едно конфузно интервју кое што предизвика многу критики, но потребна е акција“, вели Мицкоски.

Back to top button
Close