(ВИДЕО) Мицкоски за законот за дивоградби: Ако јавноста го поддржи новото решение, ние ќе го гласаме

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју за „360 степени“ вели дека се согласува да има измени во законот за легализација на дивоградби и доколку јавноста биде задоволна од новата верзија, тие повторно ќе го поддржат

Мицкоски вели дека оние партии и пратеници кои јавно го критикуваа законот откако беше донесен во Собранието, имале претходно шанса да поднесат илјадници амандмани, но тие го премолчеле тоа, а реагирале со изјави по реакциите од јавноста.

„Жестока манипулација е дека ако сега јас изградам куќа кај Маврово езеро и ако таа не е легална, дека јас ќе го користам овој закон сега за да ја легализирам. Прво, ќе треба да добијам мислење од најмалку пет институции за да дојдам до можноста за да поднесам барање да легализирам. И друга дубиоза којашто во јавноста беше присутна е дека ќе се дозволи за едно евра легализација, а тоа не е точно“, вели Мицкоски.

Тој додава дека интересот на ВМРО-ДПМНЕ за да го поддржи овој закон бил тоа што такви барања добивале од народот. Но, вели дека ако измените коишто ќе следуваат на овој закон по повторното враќање во Собранието и ако јавноста ги прифати, тие повторно ќе дадат поддршка за овој закон.

„Јавноста е прилично сензитивна по ова прашање и мислам дека патеката и иднината на овој закон треба да биде поинаква од таа којашто беше досега. А сите они коишто ценат дека овој закон не треба да се донесе имаат можност сега во парламентот на блокирање и филибастеринг и овој закон да не се донесе“,

вели Мицкоски.

Back to top button
Close