(Видео) Мицковски- Барањата на Петков се порадикални од оние на Карака чанов, незнам кој нормален ќе ги прифати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во текот на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање во однос на трите барања кои Петков ги постави како услов од Бугарија за тргање на ветото за С Македонија изјави дека тие се „порадикални и од оние на Каракачанов“, истакнувајќи дека не знае „кој нормален би ги прифатил“.

„Трите барања на Петков се порадикални и од тие на Каракачанов, затоа што тој вели „Декларацијата од парламентот“, која ако ја погледнете е асимилаторска и хегемонистичка, а потоа вели Бугарите во уставот и на крај вели Договорот за добрососедство. Јас не знам кој нормален во Македонија тоа ќе го прифати. Не знам дали има таков човек, па дури и овие за кои мислиме дека се комплетно отсутни кога станува збор за националните интереси, дури ни тие не може да го прифатат. Ова што го гледаме сега е обид на Петков да ја одржи каква таква коалицијата во Бугарија со ултра радикален национализам, се гледа дека човекот политички лута. Од либерал кој ни се претставуваше тука дека има отворени сфаќања дека ја гледа европската перспектива до сега ултра тврди националистички барања“,изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше и дека тие барања на Петков се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ и дека се потребни гаранции од Бугарија дека нема да има повеќе отворени прашања, како и дека треба да се поништи декларацијата изгласана во бугарскиот парламент.

„Додека не видиме гаранции на маса со кои се поништува резолуцијата од ноември 2019 година и исто како во 2008 година кога владата на Борисов бараше од владата на ВМРО-ДПМНЕ тогаш да напише на писмено дека нема отворени прашања за што владата на Борисов се сложи. Исто како кога Македонија влегуваше во НАТО, кога владата на Борисов велеше дека нема отворени прашања, таков еден документ треба да издадат за има основа да дискутираме за се останато“,додаде Мицкоски.

Back to top button
Close