(Видео)Мицковски за притворениот газда на „Рубикон“ Нацев, знаел само дека бил некаков функционер во владата на Груевски ?!

t

Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата, на новинарско прашање во врска со улогата на приведениот Александар Нацев, сопственик на агенцијата Рубиок која ја обезбедувала дискотеката ПУЛС во Кочани, даде одговор со кој не потврди дека го знае и дека сега нема никаква поврзаност со ВМРО ДПМНЕ

– Александар Нацев бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 16-17та година, обавувал некаква функција тој период и тоа е последното нешто што го познавам и е поврзано со Александар Нацев, рече Мицкоски.

Со овој одговор Мицковски сам го поби неговото ветување дека се шпекулации за поврзаност на агенцијата што ја обезбедувала дискотеката Пулс и дека ако се потврди дека тоа е точно тој уште наредниот ден ке си поднесе оставка а ако не ќе бара новинарот што му го постави тоа прашање да му се извини.

Сепак обвинителството пред три дена го уапси реалниот газда на агенцијата „Рубикон“ Александар Нацев а судот му одреди 30 ена притвор а премиерот наместо ветувањето дека ке си поднесе оставка сега објаснува дека Нацев бил поврзан со ВМРО ДПМНЕ  во времето на владата на Груевски а не сега кога е тој премиер.

Александар Нацев инаку беше член на комисијата за одбрана и безбедност на ВМРО-ДПМНЕ, токму откако Мицкоски стана претседател на партијата.

Нацев беше и делегат на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кога за претседател беше избран токму Христијан Мицкоски.

Список на делегати на XI Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Под реден број 54 како делегат е токму Александар Нацев.

  1. Никола Груевски
  2. Емил Димитриев
  3. Кирил Божиновски
  4. Мартин Протоѓер
  5. Зоран Ставрески
  6. Гордаaна Јанкулоска
  7. Антонио Милошоски
  8. Сашо Мијалков
  9. Никола Тодоров
  10. Владимир Пешевски
  11. Коце Трајановски
  12. Илија Димовски
  13. Љупчо Трпевски
  14. Благоја Деспотоски
  15. Никола Бакрачески
  16. Владимир Ѓорчев
  17. Зоран Горгиевски
  18. Момчило Аврамовски
  19. Зоран Илиоски
  20. Никола Попоски
  21. Даниела Рангелова
  22. Владимир Неловски
  23. Бојан Стојаноски
  24. Нола Исмаилоска
  25. Фатмир Имеровски
  26. Миле Јанакиески
  27. Иво Ивановски
  28. Елизабета Канческа-Милевска
  29. Зоран Јолевски
  30. Диме Спасов
  31. Веле Самак
  32. Бил Павелевски
  33. Спиро Ристовски
  34. Марта Арсовска-Томoвска
  35. Ванчо Костадиновски
  36. Христијан Делев
  37. Билјана Бришкоска-Бошковска
  38. Анастасија Илиеска
  39. Божидар Петроски
  40. Игор Димитров
  41. Илија Ристовски
  42. Елизабета Тодоровска
  43. Анета Димовска
  44. Билјана Цветановска-Гугоска
  45. Соња Лепиткова
  46. Ана Блажевска
  47. Митко Чавков
  48. Цветко Грозданов
  49. Сашо Стефановски
  50. Марјан Спасески
  51. Славе Трпевски
  52. Владо Мисајловски
  53. Влатко Поповски
  54. Александар Нацев
  55. Жарко Караџоски
  56. Васе Доневски

Листата е поголема, но нема потреба од останатите имиња.

Нацев инаку сам во гостување на радио во 2021 година кажа дека е еден од кандидатите кои се мерат на анкети за локалните избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

– Јас сум еден од предложените кандидати за Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како моја матична партија. Сега следат анкети и испитување на јавното мислење, за неколку месеци ќе знаеме дали ќе бидам тој што ќе ја води битката за Пробиштип и за добивање градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Нацев за Радио Лидер.

Нацев држеше и бројни прес-конференции во партијата, откако Мицкоски е претседател.

Јасно е дека премиерот бега од вистината односно „тајниот“ газда на агенцијата Рубикон бил не само член туку и во врвот на раководството на ВМРО ДПМНЕ во време кога Мицковски е и лидер на партијата и премиер на владата.

Нацев се товари за тешки дела против општата сигурност. Според доказите Нацев, е реалниот сопственик на агенцијата „Рубикон”, која кобната ноќ, го обезбедувала локалот. Тој, цело време раководел со деловниот потфат заедно со веќе осомниченичениот управител и овластеното лице на подружницата во Кочани. Без склучен договор за 2025 година, ја обезбедувал дискотеката, а прекршени се и неколку членови од Законот за приватно обезбедување. Немале направено безбедносна проценка и план за обезбедување, ниту пак, план за евакуација.

-Во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи-пиротехнички средства, информираа од Обвинителството.

Врз основа на судска наредба беше извршен претрес на локации во Скопје и Пробиштип, како и во автомобилот на Нацев, при што е одземена документација и електронски уреди. Во досегашната истрага  за тешки дела против општата сигурност осомничени се вкупно 46 лица. Истрагата продолжува и за 14 полициски службеници, за кои се уште се собираат докази.

Back to top button
Close