Видео: Министерката не одговори зошто се скратени парите за ретки болести – одговорноста била во Здравство

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека не може таа да одговори зошто се скрати пари во буџетот за пациентите со ретки болести, бидејќи одговорен за тоа бил министерот за здравство.

– Секоја од институциите си добива лимит, а како ќе го распредели лимитот внатре, одлучуваат сами. Ние имавме донесено буџет како предлог од Министерството за финансии на Влада. Поедини министри си побараа – не на оваа ставка, вратете ми таму, ставете ваму. Кој што побарал во рамки на лимитот, така му е реализирано. Јас не можам да одговарам на прашањата зошто е скратено за ретки болести. Приоритетите на министрите ги одлучуваат самите тие. Ние како Министерство за финансии делиме лимити, а секој сам во рамки на своите лимити, одлучува што е негов приоритет – одговори Димитриеска-Кочоска..

 

 

Back to top button
Close