(Видео) Министерот Лимани трката за градоначалник на Кичево ја почна со песна за Голема Албанија
Министерот за социјална политика, демографија и млади е кандидат на Вреди за градоначалник на Општина Кичево. Фатмир Лимани ја започна својата кампања на митинг и средба со граѓани во Кичево, од каде им се обрати на присутните на македонски јазик и најави промена на градот.
-Ве уверувам дека на офва патување нашиот и вашиот глас ќе се слушне, вашето место ќе биде почитувано, а вашата вредност ќе биде признаена, истакна Лимани.
Меѓутоа, Лимани ја започна својата кампања со песна за „Голема Албанија“, иако на присутните им се обрати на македонски јазик. Погледнете го видеото во продолжение: