(ВИДЕО) Митовски: Најавувам ред и сообраќајна револуција во Гази Баба, три нови кружни текови

Сообраќајниот хаос кој владее во нашата општина мора конечно да запре. Гази Баба денес се наоѓа на најниско сообраќајно ниво од нејзиното постоење. Наместо да се развива плански и рамномерно, се гради без визија и без стратегија, Изјава за медиуми, Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на Гази Баба, се наведува во соопштението од изјавата на Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на Гази Баба од СДСМ.

Затоа, еден од моите први приоритети ќе биде решавањето на сообраќајните тесни грла. Токму овде — на крстосницата на улицата „Киро Глигоров“ со „Индустриска“ — ќе се изгради кружен тек кој значително ќе го намали метежот во ударните часови. Оваа точка претставува клучна сообраќајна артерија која ја поврзува општината со Аеродром, а дополнително, во овој дел се изградени бројни нови висококатници во кои се вселија многу жители.

Истовремено, на сегашната раскрсница што ги поврзува улицата „Благоја Стефковски“ со улицата „Маџари“, ќе биде изграден втор кружен тек — затоа што токму тука секојдневно се создава најголем сообраќаен метеж и нервоза кај возачите.

Како трет клучен проект за намалување на сообраќајнит метеж е и изградба на клучка или кружен тек на влезот од Скопје на бул. Александар Македонски, решение кое ѓи ги поврзе Хиподром и Инџиково со автопат и значително ќе го растерети сообраќајот по ул. Благоја стефковски и М.а. Ченто.

Со овие мерки, Гази Баба ќе стане пример за модерна и сообраќајно уредна општина.

 

Back to top button
Close