(ВИДЕО) Митровски: Предлагаме модел за легализацијата на канабисот, кој ќе го убие црниот пазар

Потребен е модел за легализација и декриминализација на канабисот преку кој ќе се намали црниот пазар, а не да се стимулира.

Тоа значи дека земјава не треба да прекопира некој од успешните модели на Португалија или Холандија, туку треба да создаде свој кој ќе биде реално применлив.

Ова го вели адвокатот и основач на Здружението „Билка“, Јанаки Митровски, во вечерашната дебата на „360 степени“.

-Преку моделот кој ние го предлагаме согласни сме да се продава канабис по локали, меѓутоа дискутабилно е по која стапка ќе биде достапен. Еден од предлозите кој го имаше и ’Операција ослободување‘, а потоа го снема, само ќе предизвикаше достапност на канабисот кај оние со подлабок џеб, а тоа ќе значеше зголемување на црниот пазар. Се согласуваме дека измените за дозвола на извоз на цвет од канабис треба да оди паралелно во пакет со декриминализацијата. До три стебла за рекреативна употреба, до 10 растенија за медицинска употреба, со тоа што нормално ќе имате доказ за медицинска состојба која државата ја препознава. Ова може да биде подложно и на контрола преку Агенција за канабис и нема да има никаков проблем – вели Митровски.

Back to top button
Close