(ВИДЕО) Мојата работа е како мусака – рече Шекеринска во гостување во серијалот „Скала на кариерата
Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска беше гостинка на Макс Клименко, инфлуенсер и продуцент што интервјуира луѓе качени на работничка скала. Серијалот што го објавува на социјалните мрежи му се вика „Скала на кариерата“.
На почетокот од разговорот, водителот повикувајќи ја Шекеринска да се качи на скалата и напомена дека нејзината работа ќе ја погоди за две минути нагласувајќи дека ако тоа не се случи може да се симне и никогаш да не открие што работи.
Дел од прашањата на кои Шекеринска одговараше беа дали нејзината работа е со висок статус, дали им помага на луѓето, дали е креативна. На сите овие прашања Шекеринска одговори позитивно.
На следното прашање: Ако вашата работа беше јадење, што ќе беше?, Шекеринска на смеа одговара мусака, прашувајќи го водителот дали знае што е тоа за што доби позитивен одговор.
„Значи се се става во истото тавче“,рече Шекеринска.