(ВИДЕО) “Моќник“ одложен. Судијата ги отфрли бомбите како доказ
На денешното рочиште за случајот Моќник во кој обвинети се пратеникот Антонио Милошовски и екс лустраторот Томе Аџиев судечкиот судија ги отфрли бомбите како доказ дека Милошовски му нарачувал на Аџиев да биде лустриран судија од Кичево.
Обвинителот Гаврил Бубевски се спротивстави на одлуката на судијата да не ги прифати бомбите како доказ оти според него биле набавени на незаконски начин и најави дека ќе се жали на ваквата одлука на апелација.
Судијата го прекина судењето и закажа ново рочиште за 21 ви јуни во 11 часот.