Видео: МОН и СОНК се договорија, платите ќе се покачат за 15%

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири вечерва информира дека заедно со СОНК ги прифатиле предлозите на медијаторот МТСП во однос на сите отворени теми и причините за штрајкот.

-Повисоки плати во образование ќе има, се договоривме за покачување на платите на сите вработени во образование од 15%, почнувајќи од септемвриската плата. Тоа е во согласно со буџетските можности. Нема да има кратење за времето кога се штрајкуваше. Најдовме целосно разбирање и ќе се исплатат целосни плати за април. Ги допрецизиравме работите и околу колективните договори, рече Шаќири после денешната средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков

Тој се заблагодари на сите родители, наставници и ученици кои имаа разбирање за овој процес.

-Исто така ви се извинувам и ви благодарам на вас новинарите кои бевте трпеливи во периодов кога се очекуваше да завршат преговорите со СОНК, потенцира Шаќири.

Министерството за образование и наука (МОН).

Back to top button
Close