(Видео) Морето исфрли тони пластика од Албанија во Дубровник: Познатата плажа Бање претворена во депонија

Плажата Бање, една од најпознатите туристички локации во Дубровник и дел од старото градско пристаниште, повторно се најде под дебел слој пластичен отпад што морето го исфрли на брегот. На снимките од терен се гледа огромно количество шишиња, амбалажа и разни пластични предмети расфрлани по песокот, а дел од етикетите откриваат дека поголемиот дел од отпадот потекнува од Албанија.

Локалниот портал „Дубровачки дневник“ пренесува дека силното јужно време, кое често го зафаќа јадранскиот брег, секогаш носи отпад во овој дел на градот. Граѓаните коментираат дека вакви сцени се повторуваат со години и дека проблемот одамна го надминува локалното ниво.

Според хрватските медиуми, ситуацијата е отворено прашање меѓу земјите од регионот, а за решавање на проблемот веќе биле водени разговори и биле утврдени чекори како да се запре пристигнувањето на отпадот со морските струи.

Back to top button
Close