ВИДЕО Моторот удрил во бетонски столб, на лице место загинаа две лица попладнево во Скопје
Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на на крстосница на бул. “8 Септември” со бул.”Никола Карев”.
Според првичните информации, моторот удрил во бетонски столб, по што кај двете лица кои биле на моторот настапила смрт на лице место.
Во тек е увид од страна на полицијата и дежурен јавен обвинител.