(ВИДЕО) „Можеби сум го прележал вирусот, имам антитела“, рече Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека последното серолошко тестирање открило дека има антитела на коронавирусот.

„Имам антитела на вирусот. Можеби сум го поминал на нога што се вели, а да не сум знаел дека го имам. Кај мене двајцата родители беа позитивни. Што ми вели еден доктор, сега имам ковид штит“, рече Мицкоски на крајот од гостувањето во ТВ21.

Уште еднаш порача на граѓаните, како и на оние кои ќе бидат дел од најавените протести и утре и в сабота, да почитуваат дистанца и да носат заштитна опрема

Back to top button
Close