ВИДЕО: На авион над Денвер му експлодираше моторот, делови паднеле во населена област

 Делови од авион на „Јунајтед ерлајнс“ паднаа во предградие на Денвер, по што „Боинг 777-200“ мораше да биде принуден да се врати на аеродромот, бидејќи по полетувањето се запалил десниот мотор.

Деловите од авионот што паднале не се мали и тој речиси ќе се урнел врз станбени објекти, јавија американски медиуми, наведувајќи дека немаповредени.

Американската воздушна федерација објави дека вчерашниот лет на релација Денвер-Хонолулу морал брзо да биде запрен поради инцидентот.

Во авионот имало 231 лице и 10 членови на екипаж, а сите патници биле пренесени на друг лет за Хаваи.

Локалната полиција објави фотографии на Твитер од делови што паднале покрај куќа, 40 километри северно од центарот на Денвер.

Back to top button
Close