(ВИДЕО) На ГП Богородица во камион пронајдени и запленети над 150 килограми марихуана, прекинат меѓународен транспорт на дрога

 При детална контрола на товарно моторно возило – камион со скопски регистраски ознаки, извршена на граничен премин Богородица, пронајдена е и запленета над 150 килограми марихуана, за која дополнително ќе биде извршена форензича анализа и вештачење.

Според првичните информации, соопштија денеска од МВР, товарното возило влегло од Косово, а преку Македонија требало да транзитира кон Грција, со крајна дестинација Турција.

– Оваа успешна акција е резултат на одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи Царинската управа, и претставува потврда за заедничките напори во борбата против организираниот криминал и нелегалната трговија со наркотични средства за што во ноември 2024 година беше потпишан Меморандум за соработка, се наведува во соопштението од МВР.

Истрагата продолжува со цел утврдување на сите инволвирани лица и начинот на организирање на транспортот. цр/ев/

Фото и видео: МВР

Back to top button
Close