(Видео):Најмалку 73 луѓе загинаа во експлозијата во Бејрут, повеќе од 3.500 се повредени

Претседателот на Либан, Мишел Аун итно свика состанок на Врховниот одбранбен совет по големата експлозија што го потресе Бејрут, додека премиерот Хасан Диаб најави дека утре ќе биде ден на национална жалост поради големиот број на жртви.

Либанскиот министер за здравство Хасан Хамад изјави дека во експлозијата загинале најмалку 73 луѓе, а околу 3 500 се повредени во експлозијата што се случи во бејрутското пристаниште, во близина на центарот на Бејрут.

Omg a huge explosion!!!Hope everybody is safe!! 🙏🏻✨

Beiruting.com 发布于 2020年8月4日周二

 

 

Премиерот на Либан, Хасан Диаб вечерва изјави дека одговорните за големата експлозија во опасниот магацин во бејрутското пристаниште, ќе ја платат цената за тоа.

– Ветувам дека ова катастрофа нема да помине без одговорност… Одговорните ќе ја платат цената – исткна Диаб.

Тој додаде дека магацинот се наоѓа во пристаништето од 2014 година, но оти нема да зборува за тоа, бидејќи истрагата за причините за експлозијата се во тек.

Израелското министерство за одбрана ја негираше одговорноста за двете силни експлозии во Бејрут, a и Хезболах негираше дека експлозиите се предизвикани од ракетен напад.

Директорот на либанскиот Црвен Крст, Жорж Кетанех изјави дека се уште не е познат точниот број на повредени, бидејќи голем број на луѓе се под урнатините на куќите.

Пожарот предизвикан од експлозијата се уште не е изгаснат.

Според либанската телевизија ЛБЦИ, хоспитализирани се над 500 луѓе, а десетици лица ќе бидат оперирани. Медимите јавија дека некои од болниците не се во состојба да примат повеќе пациенти.

Експлозијата предизвика уривање на терасите на зградите, кршење на прозорците и друга материјална штета и предизвика огромен облак прашина и чад.

Според либанската државна новинска агенција ННА, експлозијата се случила во градското пристаниште, каде се сместени магацини со експлозив.

Според неименувани безбедносни извори, експлозијата се случила во магацин за хемиски супстанци.

Претходно, дел од локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил каде се сместени магацините со пиротехнички материјали.

Во меѓувреме, францускиот шеф на дипломатијата Жан-Ив ле Дријан на Твитер напиша дека „Франција секогаш е на страната на Либан и на либанскиот народ“.

Тој истакна дека Франција е подготвена да пружи помош во зависност од потребите на либанските власти.

Исто така и Грција и Кипар понудија помош доколку е потребно и изразија жалење и сочувство до Владата на Либан.

Министерството за надворешни работи на Грција соопшти дека земјата „е подготвена да им помогне на либанските власти со сите средства што ги има на располагање“, додека пак претседателот на Кипар Никос Анастасиадис преку официјалниот Твитер профил изрази подготвеност за било каква неопходна помош.

И иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф понуди помош за Либан.

„Нашите мисли и молитви се со големиот и силен народ на Либан“, напиша Зариф на Твитер, додавајќи оти Иран „како и секогаш во целост е подготвен да ја пружи целата неопходната помош“.

Back to top button
Close