(ВИДЕО) Најмалку седуммина загинати во експлозија на фабрика за хемикалии во Индија


>Во експлозија на резервоар за складирање загинаа седум лица, а повредени се 24 во фабрика на индискиот производител на специјални хемикалии Aether Industries во западниот пристанишен град Сурат, потврди компанијата.

Причината за експлозијата допрва ќе се утврдува, изјави претставникот на градската противпожарна служба Омпракаш Мишра, иако пожарот што го предизвикал е изгаснат. Дваесет и четворица повредени работници се згрижени во болница, рече тој.

 

 

Акциите на Aether Industries денеска паднаа за дури 6,2 отсто, откако веста за експлозијата ги сруши за 8,4 отсто претходниот ден.

„Сите регулаторни и владини компензации на семејствата на сите оние кои загинаа ќе бидат платени брзо и во целост“, се вели во соопштението на Етер Индустрис.

 

 

Тие ветија дека ќе дадат дополнителна отштета од 59.984 долари на семејствата на жртвите. Компанијата ќе ги покрие и медицинските трошоци за повредените работници и ќе обезбеди 30.000 долари по лице „во случај на траен инвалидитет“.

Етер ќе го затвори погодениот објект во Сурат „неколку дена за да спроведе структурна ревизија, форензика и мониторинг“, изјави извор за Ројтерс кој сакал да остане анонимен.

Полицијата во државата Гуџарат, каде што се случила експлозијата, претходно изјави дека седум тела се извлечени од фабриката, додавајќи дека властите сега ја прекинуваат потрагата по исчезнатите работници

 

Back to top button
Close