ВИДЕО | Началник Димовски: Намалениот број на интервенции се должи на тоа што сме присутни и видливи на теренот

Началникот на Единицата за интервента полиција Примислав Димовски во гостувањето во Утрински брифинг говори за работата на оваа единица со која раководи и која дејствува на повик преку единствениот број за итни интервенции 112.

-Полицискиот службеник кој е и оператор во Единицата за информации и координација при СВР Скопје, директно одлучува која служба од терен ќе ја прати, но 80% тоа се интервенции во која е вклучена Единицата за интервентна полиција. Ако направиме паралела, ние сме тие кои доаѓаме вооружени, изјави за Утрински брифинг Примислав Димовски, началник на Единица за интервентна полиција.

Тој објаснува како е формирана оваа полициска единица од припадници на поранешната единица „Алфа“ која претходно дејствуваше во интервентни ситуации:

-Ние се формиравме по урнек на хрватската интервентна полиција која е раширена на територија на цела Хрватска, тие пак се создадени по урнек на германската полиција. Ние сме на почеток сега за сега во Скопје и има размислување да се рашири по другите сектори низ државата. Имаме по 20-30 интервенции дневно. Сега за сега статистиките покажуваат дека се одржува таа нормала и пред се интервентата полиција сега има и превентивна улога и намалениот дел на интервенции се должи на тоа што сме присутни и видливи на теренот, вели Димовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Back to top button
Close