(Видео) Напад со нож во Франција, има мртви

Едно лице загина, а неколку се повредени во нападот што се случи вечерва во францускиот град Руан.

На терен се бројни медицински и полициски екипи.Нападот се случил околу 21 часот.

Според неофицијални информации, непознато лице избодело неколку лица со нож.

Иако прво се шпекулираше дека се работи за терористички напад, првите резултати покажуваат дека на убиството му претходела тепачка меѓу неколку лица.

Засега не се познати други детали.

Back to top button
Close