(ВИДЕО)Напад врз Израел за време на посетата на Милорад Додик: Снимени експлозии над неговата глава

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, престојува во Израел, а додека тој даваше изјава во Кибуц Бери, се случи напад, најверојатно од Газа, кога беа лансирани два проектила.

На снимката која ја објави РТРС се гледа моментот во кој Додик дава изјава, а потоа во следниот момент се слуша силен шум и на небото, речиси над главата на Додик, се гледа дејствувањето на Железната купола.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е во посета на Израел, каде што треба да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Пред средбата со Нетанјаху, Додик го посети Кибуц Бери, местото на првиот напад на терористите од Појасот Газа.

Back to top button
Close