(ВИДЕО) Нападната полицијата и телевизиска екипа: Приведен сопственикот на депонијата која гори кај Визбегово

t

Полицијата го приведе сопственикот на депонијата која гори повеќе од два часа кај Визбегово, дознава 4NEWS.mk

Во моментот на приведување, сопственикот даде отпор на полицијата по што настана и физичка пресметка.

Нападната била и телевизиска екипа која прва пристигнала на местото на настанот.

Според првични наши информации, еден од вработенитеи физички ги нападнал и им ја скршил телевизиската камера.

Полицијата го приведе А.Н., сопственикот на правното лице кое управува со отпадот за старо железо во скопската населба Визбегово.

Приведувањето следуваше откако на локацијата избувна голем пожар, при што сопственикот не ги почитуваше наредбите на надлежните, при што дошло и до масовна тепачка меѓу група граѓани и полицијата

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во 09:16 часот на 09.07.2025 беше пријавен пожар на отпад за старо железо на ул. Б.Буна во Скопје, каде што гореле хаварисани возила со плински уреди, при што се слушале и детонации. Според досегашните информации, нема зафатено приватен имот

Пожарот се уште не е локализиран и постои опасност да се прошири кон соседните куќи. Доколку има потреба можна е и евакуација на населението.

Во моментов интервенира еден Ер Трактор.

Извор: 4Њуз/ Видео: Сител

Back to top button
Close