(Видео) Навивачите на Црвена звезда упадна на стадионот на Партизан

Снимките од настанот се појавија на интернет и покажуваат група навивачи како палат факели и скандираат песни за поддршка на својот клуб, создавајќи импресивна атмосфера во центарот на „непријателскиот“ терен.
Оваа акција доаѓа само неколку дена по физичката пресметка меѓу навивачите на Црвена звезда и Партизан во Блок 21, а многумина го толкуваат овој потег како продолжение на конфликтот и еден вид порака до спротивната страна.
„Делије“ веќе еднаш, веднаш по гореспоменатиот конфликт, упадна на стадионот преку ден и нацрта графити.
Засега не е познато како навивачите успеаја незабележано да влезат на стадионот, со оглед на тоа што спортски објект од ваков тип треба да биде под постојан надзор.
Обезбедувањето и надлежните служби сè уште не проговорија за инцидентот.