(ВИДЕО) Не е договор туку меморандум за кредитирање а од септември преговори за транзициони центри за мигранти. Пендаровски за „стратешкиот“ договор со В. Британија

Владата најави стратешки договор со Обединетото Кралство, но досега видовме само меморандум за соработка. Во она што го видовме, нема ништо стратешко, вели во интервју за Дојче веле поранешниот претседател Стево Пендаровски.

FDownloaderNet-AQM9NMdOuF94E7-Hb

„Договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија не е потпишан.Тоа што ни е дадено на увид и што е ратификувано во средата попладне, не е договор за стратешко партнерство“, вели Пендаровски.

 

„Тоа, според својата содржина, може да биде меморандум за соработка, дури и почетно писмо за намери во кои двете влади набројуваат четири области во кои допрва треба да седнат работни групи и да прецизираат какви проекти би работеле. И според таа содржина генерална, не станува збор за ништо стратешко туку станува збор за кредитирање на проектите кои допрва ќе бидат прецизирани од двете страни – британско кредитирање за инфраструктурни проекти во Македонија.

Тие најавуваат дека е можно да постои втор договор по овој кој би бил за стратешките аспекти на нашите билатерални односи со Лондон.

Да сме живи и здрави можеби и тоа еден ден ќе биде. Но, ова нема врска со никаква врска со стратегија, тоа е начелен договор допрва да седнеме и да видиме што вам ви треба за кредитирање“, вели Пендаровски

Back to top button
Close