ВИДЕО: Не престанува нелегално да се гради во автокампот „Градиште“

Уривањето на ѕидот во автокампот „Градиште“ беше само шминка за јавноста, истиот не се сруши целосно како што беше најавено туку напротив сведоци сме дека деновиве пак се доградува, алармираат повторно денеска жителите на селото Пештани. Уште поалармантно велат се дивите градби на тој потег кои прават далеку поголема штета на крајбрежјето и езерото, пренесе ТВ24.

Денеска во автокампот „Градиште” нашата камера забележа угостителски објекти од цврста градба до самото езеро, шанкови, монтажни кампови и бетонски ѕидови на секој чекор. Освен што се ова е изградено на земјиште кое е во постапка на денационализација и во сопственост на пештанци, узурпаторите до вистинските сопственици секојдневно упатуваат закани дека ако продолжат да се бунат, јавно ќе биде лошо, коментираат жителите.

Во автокампот „Градиште” со години се води спор токму за земјиштетото кое пештанци не можат да си го вратат назад, а од тогаш до денес секојдневно на таа можеби најатрактивна локација на Охридското Езеро постојано се гради.

Жителите ги повикуваат институциите да интервенираат – да ја спасат природата од градежната офанзива, но и статусот под УНЕСКО или во спротивно тие ќе излезат на масовни протести да си ги побараат своите права.

Back to top button
Close