ВИДЕО: „Нема да поштедиме никого“: Општина Тетово уриваше дивоградби на Попова Шапка

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами на Фејсбук објави видео од денешната акција на инспекторите, во која се гледа како механизација урива бетонски плочи и столбови, односно „диви“ објекти кои сега започнале да се градат, на кои имало поставено и друг градежен материјал.

„Се работи за објекти кои се без дозвола и му даваат лош изглед на туристичкиот центар“, напиша Касами.

„Пред преземањето на мандатот ветивме дека ќе го ослободиме градот од узурпаторите кои ги узурпираат јавните површини, речиси во секој дел од градот. Денеска на Попова Шапка Општинскиот инспекторат ја спроведе акцијата за ослободување на јавниот простор, продолжувајќи со уривање на градби кои се без дозвола и му даваат лош изглед на овој туристички центар,напиша Касами

За огромните нелегални зданија и во градот и покрај патот кон Попова Шапка, во подножјето на Шар Планина, како и кон излетничките места Бањиче и Кале, засега ниту оваа, ниту претходната власт немаат преземено никакви чекори.

Минатата недела градочалникот Касами се пофали дека започнале со акција за уривање на нелегално поставени реклами, знаци и урбана опрема поставена во дел од градот, на улицата „Борис Кидрич“.

Видеото беше дочекано со огорченост и гнев од жителите на градот од македонска националност. Тие реагираат дека е симптоматично тоа што Касами воведува ред на едно од само неколкуте места во градот каде има поголема концентрација на дуќани, локали и угостителски објекти кои се во сопственост на етнички Македонци.

Back to top button
Close