(ВИДЕО) Невреме и во Србија: Населби без струја, падна кран на градилиште, дрва оштетија автомобили

Невремето претходно во Словенија и Хрватска одзеде најмалку три жртви, на поради опасноста за безбедноста на граѓаните во Србија беше издадено највисоко предупредување граѓаните да не излегуваат доколку не е неопходно

Невремето кое вечерва пристигна и во Србија остава пустош зад себе. Грмотевици и дожд проследени со силен ветар зафатија повеќе градови и села. Во неколку места дошло и до прекин на струјата, а меѓу нив се Ириг, Футог, Бачка Паланка, Жарково и други.

На повеќе места ветрот откорнал и дрва, а според извештаите на Н1 ТВ, при пад на дрво бил уништен автомобил во Нови Сад, како и во Панчево. Во Белград бил откорнат дел од зграда кој паднал на коловозот, но за среќа била избегната несреќа и не бил погодено возило кое во тој момент поминувало на улицата.

Од видеата на социјалните мрежи, кои ги пренесуваат повеќе медиуми, се гледа дека во главниот град во населбата Нов Белград ветрот „соборил“ и кран на градилиште.

Нова.рс. јавува и дека во болница во Војводина бил откорнат дел од кровот.

Back to top button
Close