(ВИДЕО) Никој не ги прими претставиците на ВМРО- ДПМНЕ во Регулаторната комисија

Дел од раководсвото на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на денешниот протестен марш и сообраќајната блокада поради покачување на цената на струјата, влегоа во зградата каде се наоѓа Регулаторната комисија за енергетика, но набрзо излегоа со образложение дека никој не ги примил.

Меѓу оние кои бараа средба со регулаторите не беше лидерот Христијан Мицкоски, туку потпретседателите на партијата Владо Мисајловски и Александар Николовски и генералниот секретар Игор Јанушев.

Како што изјави Мисајловски, во институцијата наишле на затворена врата.

„Влеговме во Регулаторната комисија, но никој не ни отвори да го поднесеме ова барање – да се врати цената на струјата и да си поднесат оставка сите членови на Регулаторната комисија и претседателот кои се партиски кадри“, изјави Мисајловски.

извор: 360 Степени

Back to top button
Close