(ВИДЕО) Николова кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: На маиците го носите Гоце Делчев ама во душата го носите Тодор Александров

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова денеска од собраниската говорница и порача да опозицијата дека нивното викање и закани се за народот да не ја чуе вистината, за да ги скрие своите лаги и манипулации.

Вие сте очајни во постапките, кои покажуваат дека единствено ви е важна власта, зборувате за идентитет, за македонски јазик, а не прифаќате решенија, кои го гарантираат тоа, извадивте куп бугарски пасоши, на маиците ви е Гоце Делчев, ама во душата го носите Тодор Александров, зборувате за важноста на македонски јазик, а сакавте да ја затворите катедрата за македонски јазик на УКИМ, на Фејсбук пишувате статуси „ајмо звиждаљке“, нели на чист македонски јазик, истакна Николова.

Пратеничката Николова додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е една антиевропска коалиција, која сака да дојде на власт само затоа што е исплашена од пресудите за својот криминал и не можат да се помират дека двете стратешки одредници на нашата држава –  НАТО и ЕУ се реализираат токму во време на СДСМ, па затоа шири лаги за бугаризација и асимилација, како што ширеше лаги за кантонизација,федерализација, бегалски кампови и казни за неучење албански јазик.

 

Back to top button
Close