(ВИДЕО) Нов силен земјотрес ја погоди Италија

Централна Италија повторно беше погодена од земјотрес, овој пат со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, пренесува EMSC.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил во Јадранското Море.

Според информациите на EMSC, земјотресот бил почувствуван главно во областа Анкона, а има информации дека е почувствуван и во Хрватска.

Италија вчера ја погоди земјотрес со јачина од 5,7 степени, а епицентарот бил во морето меѓу Анкона и Римини

Back to top button
Close