ВИДЕО: Нов силен земјотрес во Јапонија – снимено како удар од 6,1 степен тресе зграда во Токио

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтерова скала го погоди главниот град на Јапонија, пренесува јапонската метеоролошка служба.

Надлежните известиле дека засега нема опасност од цунами од потресот чиј епицентар бил регистриран во Чиба, источно од Токио, на длабочина од 48 милји.

Јачината на потресот може и да предизвика значителна штета на зградите и немање на електрична енергија.

Неколку линии брзи возови биле прекинати поради земјотресот, објавија медиумите.

Земјотресот предизвикал нишање на зградите, но нема извештај за евентуални штети или повредени.

Back to top button
Close