(ВИДЕО) Нова „бомба“ за Николоски и Јанакиески: Тие згради се од Нефи бандитот, тоа му е дел од договорот за изборите!

На јутуб каналот „Обнова на режимот“, објавен е нов разговор помеѓу Александар Николоски, носител во изборна единица четири и Миле Јанакиески, ексминистер за транспорт и врски, кој беше дел од повеќе судски процеси иницирани од „бомбите“.

Разговорот носи наслов „Николоски градежна мафија со Нефи во Охрид“ и се споменува и сегашниот советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ.

Од снимката се слуша како Николоски не дозволува да се чепка местото каде ќе гради Усеини, бидејќи, тоа му било дел од договорот за избори.

Back to top button
Close