ВИДЕО: Нова снимка ја покажува разорноста на експлозијата во Бејрут

Втор ден по ред траат насилните протести против владата во Бејрут, а причината е разорната експлозија во вторникот на пристаништето на главниот град на Либан.

Во експлозијата на повеќе од 2.000 тони амониум нитрат загинаа најмалку 158 луѓе, а повредени се повеќе од 6.000. Уништени се цели градски квартови, како и многу претпријатија.

Силниот удар разби врати и прозори низ целиот град. На зградите во населбите кои се блиску до пристаништето пукнале стаклата. Штетата стигнала и до десет километри од пристаништето. „Ал Арабија“ сега објави нова, забавена снимка од експлозијата во 4К резолуција која ја покажува силата на ударот.

Околу 300.000 луѓе – повеќе од 12% од жителите на Бејрут – не можат да се вратат во своите домови заради последиците на експлозијата. За повеќе од четвртина од луѓето кои морале да ги напуштат своите домови се верува дека се деца, а станува збор за околу 80.000 деца.

Разорната сила на експлозијата направила кратер длабок дури 43 метри, а спасувачките тимови се уште ги бараат исчезнатите лица, за кои се верува дека ги има околу 60.

Back to top button
Close