(Видео) Нови детали за несреќата кај Кичево: Две лица тешко, две полесно повредени

Четири лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што утринава се случи на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај кичевското село Другово.
Од СВР Охрид информираат дека несреќата се случила во 09:15 часот и во неа учествувале две патнички возила.
Според првичните информации, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека уште две лица поминале со полесни повреди.
Повредените се пренесени во Специјализираната болница „Св. Еразмо“ во Охрид за понатамошен третман.
Увидот на местото на несреќата е во тек, по што се очекуваат повеќе информации за причините и околностите под кои дошло до судирот, објави Скопје1.мк






