ВИДЕО: Нови Сад пее во еден глас – знамињата на половина копје!

Плоштадот Слобода во Нови Сад е преполн со луѓе, кои по веста за смртта на големиот уметник Ѓорге Балашевиќ палат свеќи, положуваат цвеќе и пеат и плачат на неговите песни.


Со светилки во раце, прегрнати ги пејат легендарните стихови кои останаа зад него.

Фото: Вања Фифа

Денот на погребот на големиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ ќе биде прогласен за Ден на жалост во Нови Сад, пишуваат регионалните медиуми.

Во знак на жалост, светлата на Градското собрание во Нови Сад беа исклучени. Вечерва во овој град знамињата беа спуштени на половина копје.

Back to top button
Close