(ВИДЕО) Нови Сад застана на 14 минути во знак на солидарност со семејствата на загинатите во несреќата на железничката станица

Во Нови Сад денеска се одржа акцијата „Застани, Нови Сад“ во која од 11:52 до 12:06 часот, опозицијата и граѓаните одбележаа 14 дена од смртта на 14-те луѓе кои загинаа во несреќата на железничката станица во Нови Сад. Во акцијата учествуваа и претставници на опозицијата во Белград со развивање на црно платно пред Собранието на Србија и со блокирање на сообраќајот, јавува Н1.

Како што пренесува „021“, во Нови Сад, граѓаните учествуваа во акцијата и застанаа мирно на бројни локации, односно на големите раскрсници, во центарот на градот, на булеварите и секаде каде што се нашле во моментот. Се слушаа сирени, додека некои не знаеја за што се работи и бараа алтернативни правци за движење

Back to top button
Close