Новиот шеф на скопското обвинителство: 12 години сум обвинител и сум одолеал на притисоци досега, а се надевам ќе одолеам и сега

 

Тој пред неколку дена беше избран за шеф на најголемото обвинителство во државата, со поддршка од 7 члена од Советот.

-Најпрвин сакам да се заблагодарам на членовите на Советот кои ја дадоа поддршката за мене. Ми претставува чест да ја вршам функцијата, меѓутоа во исто време и голема одговорност, бидејќи ќе раководам со обвинителство кое што е најголемо, кое што има најголем број на предмети и обвинители. По сложеност на предмети е најтешкото обвинителство. Она што сега можам да го кажам е дека ќе ја вршам професијата чесно, совесно, непристрасно, а сето тоа со цел да се зголеми довербата на граѓаните во правосудството, изјави обвинителот Фидоски.

На прашањето кои се неговите приоритети и за што ќе се залага во својот мандат, обвинителот рече:

-Се уште не сум седнал за да знам со што се соочувам. Ќе треба да видам што има заостанато, на што ќе треба да му се даде приоритет. Ќе видиме со кои предмети, со која тежина на предмети ќе се соочиме, финансиски криминал пред се, злоупотребите…, рече обвинителот.

На прашањето зошто не предложил програма кога конкурираше за позицијата, Фидоски рече дека таа не била задолжителна, а во спротивно ќе поднел.

Повеќе

Back to top button
Close