(Видео) Ново убиство на Афроамериканец од страна на полицаец во Атланта: Оставка од шефицата на полицијата, отказ за полицаецoт

Ново убиство на Афроамериканец во Атланта. Полицијата овојпат го застрела Рејшард Брукс (27) пред ресторан за брза храна во градот. Шефицата на полицијата Ерика Шилдс поднесе оставка што беше прифатена од градоначалничката Кеиша Ленс Ботомс, а полицаецот Герет Ролф доби отказ.

Рејшард Брукс бил пријавен како спие во автомобилот кој ги блокирал останатите учесници во сообраќајот. Случајот бил пријавен во полиција, но при апсењето, според американските медиуми Брукс давал отпор. Тој во еден момент ја дофатил направата за електрошокови од полициските службеници по што бил застрелан.

Демонстранти веднаш излегоа на улиците, а ресторанот за брза храна пред кој се случи убиството беше запален. Бирото за истраги на сојузната држава Џорџија соопшти дека е отпочната истрага за убиството на Брукс, додека полицијата наведе дека пружал отпор при апсење, откако паднал на алко-тестот.

Подоцна идентификуван е и вториот полицаец кој учествувал во апсењето.

Back to top button
Close