ВИДЕО: Новогодишни пакетчиња полни со марихуана во автобус што патувал од Скопје до Истанбул

Бугарските цариници заплениле повеќе од 6,2 килограми марихуана сокриена во кутии со новогодишни подароци.

Заплената се случила на 6 јануари годинава на контролниот пункт Ѓуешево, кога службеници од Одделението за борба против трговија со дрога заради темелен преглед запреле автобус со турски регистерски таблички кој превезувал патници од Скопје за Истанбул.

Царинските инспектори откриле дека во багаж на патник биле сокриени 6 проѕирни пакетчиња со зелена тревкаста маса налик на марихуана. Пет од пакувањата биле пронајдени скриени во картонски новогодишни пакетчиња. Направен е наркотест на терен, кој е позитивен на присуство на канабис. Вкупната запленета е 6.235 килограми, соопшти Царинската агенција на Бугарија.

За случајот е поведена предистражна постапка по попис на ТД „Царина Софија“ и под надзор на Окружното обвинителство-Ќустендил.

Окружното јавно обвинителство од Ќустендил денеска започна истрага против 72-годишниот македонски државјанин К.К., под сомнеж за шверц на дрога. Во неговиот личен багаж беа пронајдени шесте пакувања марихуана. Тој е лишен од слобода и Обвинителството поднело барање до надлежниот суд за да му се изрече мерка притвор.

 

Back to top button
Close