Видео: О.Г.А.Н. штанца анкети секој ден, а во седиштето нема никој и се вејат пелени

„Организацијата за граѓански активизам и независност“- О.Г.А.Н.,  деновиве ја затрупа  јавноста со анкети на кои редовно во голема предност се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Здружението е основано минатата година во мај, регистрирано на домашна адреса во Ченто, без контакт телефон и веб – страница.

А1он“, во обид за контакт со О.Г.А.Н., ја посети куќата, која според податоците во Централниот регистар е нивно седиште. На двата влеза на куќата, на која се вејат пелени и се сушат пиперки, никој не отвораше.

Back to top button
Close