(ВИДЕО) Објавен првиот повик од ИПАРД 3: Нови 97 милиони евра за агросекторот и за рурален развој
На презентацијата на програмата денеска присуствуваа и се обратија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

„Наша цел е со новата ИПАРД 3 програма уште поголема реализација и искористеност на средствата од 100 отсто од она што го имаме добиено од ЕУ и затоа предвидуваме и можности за авансна исплата со цел уште повеќе да ги мотивираме нашите земјоделци. Но, крајната цел е нашите земјоделци, нашата економија да доживее напредок, да доживее развој преку остварувањето на полноправното членство во ЕУ бидејќи тоа ќе донесе уште поголеми придобивки и носи уште повеќе финансиски средства од фондовите на ЕУ“,потенцираше Ковачевски.
Со објавувањето на првиот повик на македонскиот агросектор му се ставаат на располагање 30 милиони евра кои може да се користат за изградба и реконструкција на фарми и амбари, за механизација, објекти за преработка, собирање и складирање на производи итн.
Преку ИПАРД 3 може да се добијат пари и за алтернативни земјоделски производи и преработки, производство на пијалаци, непрехранбени производи и занаетчиски активности. Може да се аплицира за изградба на хотели, бунгалови, ресторани…