Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
На Јутјуб денеска е објавена видеоснимка на која се гледа како во домашна атмосфера седи Бојан Јованоски-Боки 13 заедно со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и уште една личност снимена одзади, најверојатно Радмила Шекеринска.
Видеото е објавено од корисник на Јутјуб со име „Боки и другарките другари-ки“ и трае 29 секунди. Снимката најверојатно е направена со мобилен телефон од четврта личност во, како што се претпоставува, домот на Јовановски.
На почетокот на видеото испишано е „На гости кај Боки 13, Катица Јанева и?“ алудирајќи на прашањето која е третата личност која се гледа свртена со грб.