(ВИДЕО) Објавено видео од гаражата на Асад со десетици луксузни автомобили
Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство пристигнаа во Москва и добија азил од руските власти, објавија руските новински агенции, повикувајќи се на извор од Кремљ.
Bashar-al Assad’s private fleet of cars at the abandoned presidential palace in #Damascus.
Discernible among them a few Toyota Land Cruisers, a Ferrari F50, a Ferrari F430, a Lamborghini LM002, a Lamborghini Diablo SV, an Aston Martin, numerous Lexus.pic.twitter.com/WnAPT5SdAa
— Daphne Tolis (@daphnetoli) December 8, 2024
Новинската агенција Интерфакс цитира неименуван извор кој вели: „Сирискиот претседател Асад пристигна во Москва. Русија им даде (нему и неговото семејство) азил од хуманитарни причини“.
А медиумите сега објавуваат фотографии од неговата колекција луксузни автомобили, меѓу кои е и Ferrari F50 чија цена е над 3 милиони долари. Во гаражата се сместени и Lamborghini, Rolls-Royce и Bentley.
CNN пишува дека на снимката може да се видат повеќе од 40 луксузни автомобили.