( Видео) Обезбедувањето на Ѓукановиќ со средeн прст кон граѓани кои скандираа „светилиштата не ги даваме“
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, беше во посета на Плевља како дел од предизборната кампања, но луѓето од овој град не му приредија топол пречек, пренесуваат српските медиуми.
Додека Ѓукановиќ се шеташе по главната улица, опкружена со бројно обезбедување, младите од коалицијата „За иднината на Црна Гора“ од околните тераси го пречекаа претседателот со извиците „Светилиштата не ги даваме“, главниот слоган на литиите, кои со месеци се одржуваат во Црна Гора, во чест на заштита на светилиштата на СПЦ во земјата од контроверзниот Закон за слобода на вероисповед.
Ваквиот потег предизвика зачуденост кај припадниците на владејачката коалиција, па еден од обезбедувањето покажа среден прст.
Како што пренесува српски „Курир“ полицијата реагирала брзо и ги уапсила младите од коалицијата „За иднината на Црна Гора“, но по еден час тие биле пуштени на слобода.
Извор: makfax.mk