ВИДЕО | Обид за грабеж во обложувалница, храбра вработена се спротивставила на напаѓачот

На социјалните мрежи се појави видео од обид за грабеж на спортска обложувалница во Скопје, кој можеше да заврши и трагично по животот на вработената која помина само со повреди.

Нејзината храброста беше пречка овој крадец да го испразни сефот. Жената му се спротивставила на крадецот кој во раката имал нож и ја повредил вработената во левата рака и и левата надлактица.

Повредена, вработената била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје каде поради шок не можела ниту даде изјава и да посведочи пред полицијата.

На 21.02.2022 околу 00.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 23.50 часот на 20.02.2022 во спортска обложувалница на ул.„Натанаил Кучевишки“ две лица со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Back to top button
Close