ВИДЕО од масакрот во САД: Пронајдени манифест и мапи на зградата. Убиените деца биле на возраст до девет години

Три деца и тројца возрасни беа убиени во пукање во приватно христијанско основно училиште во Нешвил, на југот на САД. Нападот го извршила 28-годишна жена идентификувана како Одри Елизабет Хејл, поранешна ученичка во училиштето, која била застрелана од полицијата на местото на настанот. Убиените деца биле на возраст меѓу осум и девет години.

Полицијата во Нешвил објави видео од вооружениот напаѓач како влегува во училиштето. На видеото, кое се чини дека е од надзорните камери на зградата, Одри Хејл се гледа како пука на влезната врата, а потоа се качува низ скршеното стакло за да влезе.

Хејл носела автоматска пушка во едната рака, додека второто слично оружје висеше од нејзиниот лев колк. По влегувањето во училиштето, на видеото се гледа како таа талка по напуштените ходници.

Полицајците открија манифест и мапи на зградата со планот за напад.

Back to top button
Close