Видео: Одмазда е мотивот за трагедијата во Косово

Одмазда е мотивот за трагедијата што се случи вечерва кај Глоѓане на Косово во која загинаа најмалку три лица.

Како што јавува српски Курир, пукањето кон автобусот со ученици се случило, откако возачот и кондуктерот го исфрлиле еден од патниците бидејќи ги малтретирал девојките. Потоа момчето земало калашников и го чекал автобусот по што пукал.

Досега се идентификувани три убиени лица и тоа возачот Гани Ѓокај и учениците од селото Глоѓане Љ.Х.(19) и Г.М.(17).

Убиецот е во бегство, а полицијата интензивно трага по него.

Back to top button
Close